Tekst piosenki:
Оскрнави ме гладна судбино,
израсни ја својата гадост,
па нека студот
неземски
го сокрие патот по кој
чекоров тапо се вдал...
Испрати ја својата
глудница волчја
помор што блуе, на помор што вие,
бесмислата твоја е сечиво
мое
проколнато в срца да копа и рие!
На! Пиј од пехаров на маки и зла,
ти
створу на сопствената омраза,
откорни го животот од сечии гради
и стигни го
бог, стани наказа!
Корнете ветришта и пеплишта свијте
в оро што очите луто
ги љуби,
ведете глави, нек' потече крвта
и тлото глад нек' се
престори!
Голтај!
Понеси се што на патот твој стои
и во беснило од
вжештени чадој
згасни го сонцето што
очајно моли,
о Земјо, напој се!
Оваа
жртва
сојузник на смртта
човечка алчност и ништожност
тебе ти ја
принесувам...
Знам оти в заборав ме сокри,
судбино, ликов белег е
длабок
што пече и шушти на секоја дршка,
на секој меч - и блесок колку и
'рѓа!
Ветрови - душосушци!
Ветрови - очопии!
Dodaj adnotację do tego tekstu »
Historia edycji tekstu
Komentarze (0):